Србија го комплетираше системот за противвоздухопловна одбрана „Панцир-С1“ што го доби врз основа на договорот склучен со Русија.
„Сакам да ве информирам дека од денес во воена смисла Република Србија е значително посилна, го комплетиравме нашиот систем „Панцир-С1“. Од никого не го криевме тоа, транспарентно им го кажавме и на оние кои не се радуваат и јас сум горд што за време во кое јас сум командант на нашата војска, борбената готовност и оперативната способност на вооружените сили е не двојно туку тројно зголемена“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Противвоздухопловниот ракетно-топовски систем „Панцир“ со копнено и морско базирање е наменет за блиска заштита на цивилни и воени објекти од сите современи и перспективни средства за воздушен напад во сите временски, климатски и радиоелектронски ситуации, дење и ноќе. Системот исто така е во состојба да заштити објекти од закани од копно и вода.
Поврзани артикли