Странските медиуми ја оценија информацијата за првото поморско тестирање на најновата руска хиперсонична ракета „Циркон“.
Весникот Naval News потсетува дека во јануари 2020 година од фрегатата „Адмирал Горшков“ во Баренцовото море беше изведено пробно лансирање на оваа ракета. „Циркон“ прелета преку 500 километри до целта која се наоѓаше на северен Урал.
Во публикацијата се истакнува дека „Адмирал Горшков“ е од почетокот избран за поморско тестирање на „Циркон“. Овој брод е вооружен со ракети „Калибар“ и „Оникс“, а неговите универзални вертикални лансери можат да се користат и за лансирање на хиперсонични ракети. Секоја ракета треба да помине одреден циклус на тестирања. Поради тоа тестирањето на „Циркон“ започна порано.
„Успешното пробно лансирање на „Циркон“ е изведено од крајбрежна платформа во декември 2018 година. Дури и Американците го признаа тој факт, како и брзината од 8 маха што не може да ја развие ниедна друга ракета на светот“, истакнува весникот.
Успешното пробно лансирање овозможи да се изведат и поморски проби. „По „Адмирал Горшков“, веројатно на ред се подморниците. Американците тврдат дека тоа тестирање може да биде извршено во 2020 година“, пишува Naval News.
Притоа се истакнува дека засега нема достапни прикази на руската тајна ракета. Нејзиниот надворешен изглед би им овозможил на експертите да препознаат одделни борбени карактеристики на оружјето.
„Скапата хиперсонична ракета мора да има одлична борбена ефикасност. Неа не може да ја пресретне нидеен противракетен штит, нејзиниот удар ќе биде како блесокот на молња. Со други зборови, земја со вакви воени технологии може да има значителна военополитичка предност“, резимира авторот на статијата.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли