Се појавија протечени информации за наводниот Samsung Galaxy Tab S6 Lite таблет, кој претставува олеснета верзија на минатогодишниот премиум таблет.
Според наводите, Galaxy Tab S6 Lite ќе го задржи обликот и можеби големината на оригиналниот Tab S6 модел, но ќе имплементира спецификации од средниот сегмент. Ова вклучува Exynos 9611 чипсет, 4GB RAM и 64GB со 128GB простор за складирање.
Најголемата измена би можела да биде S Pen. Паметното пенкалце, како што е прикажано на фотографијата е преголемо за да смести во слотот во самиот таблет и веројатно би се полнело засебно. Исто така, стајлусот би можел опционално да се купува.
Протечените информации не ни даваат други детали за таблет уредот, така што нема информации за можниот датум на објава и цената на Galaxy Tab S6 Lite.
Поврзани артикли