Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,56%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 24.02.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 24.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 24.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,175 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 30,390 ден/кг.