Претходно овој месец се појави фотографија од Samsung Galaxy A11 смартфонот, која откри систем со три камери на задната страна, кои се сместени во горниот лев агол. Сега има рендер на уредот, кој ни дава појасна слика за Galaxy A11 моделот и открива уште некои детали.
Фотографијата покажува дека Galaxy A11 ќе има дисплеј со punch-hole отвор за предна камера во горниот лев агол. На задната страна, покрај три камери, се наоѓа и читач на отпечаток од прст со овален облик. Од десната страна на рамката се сместени копчиња за вклучување и контрола на звукот, додека 3,5 милиметарскиот приклучок е на врвот.
Од претходните гласини дознавме дека телефонот ќе има 128GB простор за скалдирање, а сега знаеме и дека не очекува 6.4-инчен LCD дисплеј, 13MP главна камера и 8MP селфи камера. Сето ова ќе го напојува батерија од 4000mAh.
Засега не е познато кога Samsung официјално ќе го претстави Galaxy A11, но се сугерира дека во Индија ќе чини околу 140 долари.