Професорката Ејми Веб предвидува дека ќе се појават нови уреди, кои ќе ја преземат функцијата на паметните телефони.
Професорката на њујоршкиот универзитет Стерн, Ејми Веб предвидува дека мобилните телефони наскоро би можеле да исчезнат и наведува дека не би било прв пат да дојде до радикална промена кога е во прашање современата технологија.
Професорката предвидува дека ќе се појават нови уреди, кои ќе ја преземат функцијата на паметните телефони.
„Да се потсетиме дека пред дваесет години имавме експанзија на дигитални фотоапарати и појавата на лаптопи. Кој би рекол тогаш дека за само 10 години подоцна, ќе ги имаме и двата уреди во еден – мобилен телефон. Денес, кај мобилните телефони веќе не постои голема иновација, а и продажбата опаѓа.“, изјави Веб.
Предвидува дека ќе се појават нови уреди кои ќе ја преземат функцијата на мобилните телефони.
„Денес расте продажбата на безжични bluetooth слушалки преку кои лесно се управува со мобилен. Постојат сè повеќе гаџети со кои може да се управува со говорни команди. Мислам дека наскоро веќе нема да имаме еден уред со еден екран, како што е мобилниот телефон, туку серија уреди кои се поврзуваат со смартфонот“, вели Веб.
Според нејзините проценки, можно е во следните десет години технолошките уреди да се поврзуваат со „паметни“ очила или нараквици и вели дека летото 2020. година ќе биде „почетокот на добата на паметните очила“.
Извор: Dnevnik.rs
Поврзани артикли