Google вети дека ќе продолжи да го поддржува Google Chrome на Windows 7 најдоцна до 15 јули 2021 година.
Microsoft на 14 јануари последен пат го ажурираше Windows 7, што значи дека сите компании кои го користат сега мора да купат Extended Security Updates лиценца, затоа што американскиот гигант веќе нема да им обезбеди безбедносно ажурирање за слабости или грешки во оперативниот систем.
Според пишувањата на германските медиуми, владата сè уште има 33.000 работни места на Windows 7. За да продолжи со добивања на ажурирања за проширена поддршка, на Microsoft мора да му плати надомест за секој уред, што е многу скапо.
Цената зависи од тоа која Windows 7 верзија била користена. Во текот на првата година, оние кои и понатаму го користат овој оперативен систем, ќе мора да платат 25 долари по уред. Секоја година цифрата се удвојува.
Користењето на Windows 7, по укинувањето на поддршката, премногу е ризично, особено за компаниите, бидејќи потенцијално ги остава отворени за закани, така што префрлањето на Windows 7 сигурно би можело да ги чини помалку.
Германскиот весник Handelsblatt објави дека владата на оваа земја започнала процес на преселување на Windows 7 уште во 2018 година, но не била во состојба да ја надогради секоја работна страница на време. Тоа значи дека 20.000 од 85.000 уреди во Берлин сега сè уште користат Windows 7.
Извор: Nezavisne.com
Поврзани артикли