Компанијата LG официјално го претстави својот нов смартфон со два екрана.
Се работи за смартфонот LG V60 ThinQ 5G кој го има сето она што се очекува од еден флегшип модел во 2020 година.
Уреедот го покренува процесорот Snapdragon 865 и поседува 8 GB RAM и 128 или 256 GB интерна меморија.
Го напојува батерија од 5.000 mAh. Во фокусот е секако екранот, поточно 6,8-инчниот P-OLED дисплеј со резолуција од 2.460×1.080 пиксели, но доаѓа и со идентичен втор екран. Вториот дисплеј содржи 2,1-инчен монохроматски дисплеј за побрз пристап до известувањата.
Позади се наоѓаaт главната камера од 64 MP, широката камера од 13 MP и ToF камера, додека напред е сместена селфи камерата од 10 MP.
Смартфонот ќе биде достапен во сина и бела боја, а продажбата започнува во март. Ќе чини нешто помалку од 1.000 долари.