iPhone XR на Apple во текот на 2019 година беше најпродаван модел на паметни телефони во светот, пренесува Business Insider.
Според анализата која е објавена од консултантската куќа Omdia, американскиот технолошки гигант до продавниците доставил 46,3 милиони од својот најевтин модел од претпоследната генерација.
Apple исто така го произведе и вториот најпродаван модел во светот, iPhone 11, со 37,3 iилиони продадени модели.
Двата уреди се сметаат за телефони на Apple со најдобар однос на цена и квалитет, пренесува Business Insider.
iPhone XR беше објавен во октомври 2018 година, кога чинеше околу 750 долари. Цената падна кон крајот на 2019 година на 600 долари. IPhone 11, е претставен една година подоцна, имаше уште пониска почетна цена од 700 долари.
Третото, четвртото и петтото место на списокот на најпродавани паметни телефони го зазедоа Samsung Galaxy A10, Galaxy A50 и Galaxy A20, со вкупна продажба од околу 74 милиони уреди.
Поврзани артикли