На украинската поларна истражувачка станица на Антарктикот, „Академик Вернадски“ паднал црвен „крвав“ снег, соопштено е на Фејсбук страницата на Министерството за образование и наука на Украина.
Иако снегот изгледа застрашувачки, научниците од базата имаат објаснување за овој редок феномен кој трае веќе две недели. Ваквата нијанса на снегот произлегува од микроскопските снежни алги наречени „Chlamydomonas nivalis”. Тие создаваат спори кои не се „плашат” од ниските температури и остануваат во снегот и преку зима. Кога времето се подобрува, спорите започнуваат да растат.
Уже кілька тижнів українська антарктична станція «Академік Вернадський» оточена… малиновим снігом! Звідки він та чому…
Posted by Міністерство освіти і науки України on Понеделник, 24 февруари 2020
Освен зелениот пигмент – хлорофилот, клетките на алгите содржат и слој црвен каротен. Токму од каротенот произлегуваат и црвените дамки кои можат да се забележат на фотографиите. Она што е уште поинтересно е дека „крвавиот” снег има мирис на лубеница.
„Поради бојата на црвена малина, снегот помалку рефлектира сончева светлина и побрзо се топи”, истакнуваат од министерството и додаваат дека слична појава може да се забележи и на Арктикот и на Алпите.
Од украинското министерство наведуваат и дека нема причина за грижа и дека не станува збор за никакви „зли знаци”.
Поврзани артикли