Европската комисија им препорача на своите вработени да почнат да го користат Signal, апликација од отворен код со end-to-end енкрипција за испраќање пораки, а со цел за зголемување на сигурноста на своите комуникации.
Препораката се појави на интерните огласни табли на почетокот на февруари, известувајќи ги вработените дека „Signal е избран како препорачана апликација за јавна инстант размена на пораки“.
Зошто е Signal побезбеден?
Заговорниците на безбедноста и приватноста, вклучувајќи го и Едуард Сноуден, долго го промовираат Signal како „најсигурна“ апликација за размена на пораки. Тоа е благодарение на силната end-to-end енкрипција. Меѓутоа, најбитната разлика помеѓу Signal и останатите слични апликации е во тоа што Signal е со отворен код, додека WhatsApp на Facebook и iMessages на Apple не се.
Апликацијата за безбедно испраќање пораки со отворен код значи дека секој може да го види изворниот код на апликацијата и да провери дали апликацијата го прави сето она што го тврди, како заштитата на вашите пораки од љубопитните очи, вклучувајќи го и самиот производител на софтвер. Тоа е многу привлечно за голема организација како Европската комисија.
Signal во 2013. година го развија активисти за заштита на приватноста, поддржани од непрофитната фондација, за која се залагаше и од еден од основачите на WhatsApp, Brian Acton. Тој во 2017. година го напушти WhatsApp, поради несогласувањето со комерцијализацијата на апликацијата.