Samsung пред десетина дена ја претстави Galaxy S20 серијата телефони. Моделот Galaxy S20+ е најавен во Cosmic Gray, Cloud Blue и Cosmic Black варијанти, но изгледа дека тука е и новата боја, под името Jennie Red.

Според наводите на сајтот Pocketnow, Jennie Red варијантата на телефон е наречена по Jennie Kim – членка на К-поп групата Blackpink. Бојата, според наводоите

Бојата моментно е ексклузивна за пазарот на Јужна Кореја и секако, ексклузивна за Galaxy S20+ смартфонот.

Интересно е дека бојата во листингот е окарактеризирана и како Aura Red, што би можело дa биде нејзино име за глобалните пазари. Samsung засега не се огласи по прашањето на пошироката достапност на Jennie/Aura Red варијантата на Galaxy S20+ моделот.