HTTPS сертификатите базирани според последните TLS стандарди за енкрипција се грижат за вашата конекција да остане безбедна и сигурна.
Од компанијата Apple најавија дека сите сертификати со валидност повеќе од 13 месеци издадени по први септември ќе бидат одбиени од нивниот пребарувач.
Тоа би значело дека кога ќе посетите веб-страница со таков сертификат, вие ќе добиете предупредување за можно загрозување на вашата приватност.
За програмерите и сопствениците на веб страните ваквите промени се очекува да создадат потешкотии во управувањето со сертификатите.
Поврзани артикли