Компанијата Twitter експериментира нова алатка додавајќи светло обоени налепници под лажните информации кои ги објавуваат политичарите и другите јавни личности.
За американските национални телевизии, од Twitter потврдија дека на апликацијата се појавила демо верзија од алатката која има цел да ги спречи дезинформациите што се ширеа особено за време на претседателските избори во САД (2016).
Во сегашната верзија, дезинформацијата која ќе се објави на Twitter, ќе биде исправена под објавениот твит од страна на лица задолжени за проверка.
Twitter дава можност и граѓаните да учествуваат во проверката на информациите на тој начин што доколку се сигурни дека објавата не е точна, во тој случај тие може да ја пријавата на опцијата „community reports“.
„Во следниов период ќе тестираме многу алатки и начини како да се стави крај на дезинформациите и лажните вести“, вели портпартолот на компанијата.