Новиот Sony Xperia L4 телефон имплементира голем број подобрувања во однос на својот претходник. Доста карактеристики се слични како кај премиум Xperia 1 модел, па тука се трите камери, 21:9 дисплеј и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамките.
Дисплејот е 6,2-инчен 21:9 HD+ LCD, а подолгиот однос на страници овозможува користење на две апликација истовремено во портретен режим. Системот на камери на задната страна го сочинуваат 13MP широкоаголен сензор со фазна детекција на автофокус, 5MP ултраширока камера и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓа 8МП селфи камера, сместена во мал засек.
Телефонот користи MediaTek Helio P22 чипсет, во комбинација со 3GB RAM. Просторот за складирање е со капацитет од 64GB, а присутен е и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки. На крајот, капацитетот на батеријата е 3580mAh, со поддршка за брзо полнење.
Sony Xperia L4 ќе биде достапен на селектираните пазари од пролет, во црна и сина боја. Цената на телефонот не е објавена.