Google традиционално ги претставува првите Previеw верзии на оперативниот систем во втората недела од март. Компанијата сега е пред предвидениот распоред бидејќи Android 11 Developer Preview веќе е достапен за програмерите. На овој начин, Google се надева дека ќе им даде повеќе време да ги разгледаат сите детали за платформата пред својата официјална премиера. Android 11 нема да понуди драстични промени во интерфејсот, но ќе ги надгради и подобри клучните карактеристики што веќе ги користиме на паметните телефони што работат со оперативниот систем на Google.
Првата верзија на Android 11 Developer Preview не е ни брендирана како „Beta“, а секоја следна Developer Preview верзија ќе ја надградува и ќе додава повеќе функционалност. Компанијата продолжува со својата стратегија да користи само бројки во означувањето на новата верзија што ја воведе минатата година. Користењето на букви како што се Android R и имињата на десерти има неофицијален карактер и може да се користат како кодни имиња од вработените во Google. Предвидени се системски ажурирања за голем број нови технологии.
Android 11 Developer Preview е групиран во неколку секции: „Helpful Information“, „Privacy And Security“, „Updates And Compatibility“ и „Polish and Quality“, пренесува 9to5google. Оперативниот систем, исто така, поддржува нова функција наречена „Dedicated conversation section in the notification shade“, што ви овозможува да видите повеќе од последното соопштение, кога одговарате на порака директно од нотификацијата. Допрва треба да разбереме повеќе детали за новите работи што ќе ги видиме во Android 11. Официјалната премиера на оперативниот систем ќе биде во третиот квартал.
Google веќе експериментира со вклучување на опцијата за инверзно безжично полнење на Android 11. Според достапните податоци, Google ќе ја воведе оваа функција со името „Battery Share“.Како што укажува името, се работи за иновативен метод кој овозможува да се споделите капацитетот на батеријата со други паметни телефони.
Google планира да обезбеди поддршка за „Battery Share“ и разни други додатоци и уреди како што се паметни часовници, аудио слушалки и многу повеќе. Сепак, тоа ќе се случи во подоцнежна фаза, а првично, опцијата за споделување батерии ќе биде достапна само за паметните телефони. Google Pixel 5 веројатно ќе биде првиот уред што ќе понуди повторно обратно безжично полнење бидејќи сегашните предводници на Pixel 4 / Pixel 4 XL не ја поддржуваат таквата функција.
Поврзани артикли