Display Mate ги објави своите импресии за дисплејот на Samsung Galaxy S20 Ultra, а телефонот постави или израмни 12 рекорди во перформансите, со A+ оценка. Покрај ова, дисплејот е окарактеризиран дека „визуелно не се разликува од совршен“ во пет од 12 рекорди.
Новиот екран е за 14 проценти посветол од оној на Galaxy S10 телефоните, има High Brightness Mode и ја подобрува читливоста при средни и високи нивоа на амбиентално осветлување. Режимот му овозможува на екранот да произведе помеѓу 823 и 1342 нита светлина.
Dynamic AMOLED 2X панелот на Galaxy S20 Ultra постави рекорди за своите sRGB и DCI-P3 режими на екранот. Тука се и ртекордите за апослутна прецизност на боите и контрастот, како и прецизноста на скалата на интензитетот. Ова е дисплеј со најпрецизен приказ на бои, кој Display Mate досега го имал на тест.
Една од поголемите надградби на екранот, секако е 120Hz режим. Покрај повисоките стапки на освежување, овој мод го намалува цепењето на екранот, кои некои корисници можат да го искусат. Повеќе детали за карактеристиките на Galaxy S20 Ultra дисплејот можете да пронајдете во линкот на изворот.
Поврзани артикли