Ако не сакате некој да знае дека сте ја прочитале неговата порака на WhatsApp, тогаш имате среќа. Оваа опција лесно може да се исклучи, пишува порталот B92.net.
WhatsApp, како и многу други апликации за допишување, има ознака до секоја порака со помош на која можете да видите дали личноста со која се допишувате ја прочитала пораката.
Еден сив штиклиран знак означува дека пораката е испратена, два дека е примена, а ако до пораката има два сини штиклирани знака, пораката е прочитана.
Сепак, оваа опција не им се допаѓа на сите, а лесно можете да ја исклучите. Имајте на ум дека ако ја исклучите, нема да можете да видите дали некој ја прочитал вашата порака, како и обратно. Ова не важи за групните разговори, каде што секогаш се гледа дали пораката е прочитана.
Во продолжение следува упатството:
WhatsApp > Трите точки во горниот десен агол > Settings
Accounts > Privacy > Read receipts поставете ги на „off“
Се разбира, на истиот начин можете и да ја вратите оваа опција.
Извор: B92.net
Поврзани артикли