Компанијата Boston Dynamics неодамна го ангажираше поранешниот презентер на MythBusters, Адам Севиџ, да експериментира со Spot Mini роботот и да види до каде му се границите.

Така на ред дојде и рикша – традиционално возило за транспорт кое обично го влече едно човечко суштество, и превезува еден патник. Се користи од крајот на 19 век, а во новото видео се гледа дека превозното возило е актуелно и денес, особено ако како возач се појави робот кој потсетува на куче.

SpotMini мери е од 25 до 30 килограми, и може да носи до 14 килограми товар, а по едно полнење може да се движи околу 90 минути. На списокот на своите способности сега може да се додаде и управување со рикша, бидејќи снимката покажува дека во тоа бил повеќе од успешен.

Извор: PC Press.rs