Некогашниот прв човел и основач на Microsoft, Бил Гејтс неодамна откри дека го купил својот прв електричен автомобил, а тоа сепак не е Tesla.
Eлон Маск се огласи на Твитер откако неодамна Бил Гејтс во интервју ги пофали автомобилите на Tesla, но призна дека сепак неговиот прв електричен автомобил е Porsche Taycan.
„Патничките автомобили се всушност еден од најважние фактори кога станува збор за воведувањето на промени потребни во борбата против климатските промени. Кога би морал да именувам една компанија која помогнала во тоа, тоа е секако Tesla“, изјави Гејтс кој исто така откри дека одлучил неговиот прв електричен автомобил да биде Porsche.
На објава на фан на Tesla на социјалната мрежа Твитер во врска интервјуто на Гејтс и неговиот избор за електричен автомобил, Eлон Маск напиша дека неговите разговори со Бил Гејтс биле разочарувачки.
I'm disappointed because a lot of people are going to watch the interview and they are going to trust Bill's word for it and not even consider EVs. Why? Because Bill Gates is a really smart guy!
— Tesletter (@tesletter) February 18, 2020
Ова не е прв пат Маск да се „судри“ со шефовите на познатите компании. Тој неодамна исто така ги нападна и Марк Цукерберг и Џеф Безос.
Извор: B92.net
Поврзани артикли