Microsoft го исполни ветувањето дека ќе претстави обединета Office мобилна апликација, која сега е достапна барем до одредена група корисници. По неколку месеци бета тестирање, компанијата објави all-in-one продуктивна апликација за корисниците на Android.

Како и претходно, ова овозможува обработка на Excel, PowerPoint и Word документи, без потреба од префрлање помеѓу засебните апликации. Исто така, можно е да се користат OneDrive фајлови, да се скенираат документи со Office Lens и да се читаат QR кодовите.

Постојат и некои отстапувања, па така е забележано дека актуелната Android апликација не е оптимизирана за таблет или Chromebook уредите, а не може да се користи ни во панорамски режим. Верзијата на апликацијата за iOS во овој момент не е достапна.

Во секој случај, објавата на обединетите Office апликации за Android е позитивен чекор во сферата на мобилната продуктивност, додека сте подготвени да инвестирате во Microsoft екосистемот.