TCL требаше да биде присутен во текот на сега веќе откажаниот Мобилен конгрес во Барселона, а еден од уредите кои компанијата планираше да ги прикаже е и концепт телефонот со слајдер екран.
Фотографиите од овој неименуван уред сега се појавија и предизвикаа голема љубопитност. Се поставува прашањето ан кој начин функционира овој слајдер екран и што се случува кога извлечениот дел од екранот ќе се врати во другиот дел? Веројатно е дека делот од флексибилниот екран се свиткува и се сместува зад другиот дел, но ова се само нагаѓања, бидејќи се уште нема официјални детали.
Секако се работи за интересна идеја и останува да се види колкав предизвик ќе претставува имплементирањето на вакво решение во конкретен производ.
Самата компанија TLC не е претерано позната по своите телефони, посебно не надвор од Кина, но објавата на ваков уред би можела да ја промовира како иноватор и во овој сегмент од пазарот.