Microsoft во текот на 2019. година најави два флексибилни уреда, во форма на Surface Duo Android смартфон и Surface Neo таблет. Компанијата, исто така, претстави и Emulator за Windows 10X – варијанта на Windows 10, која е дизајнирана за уреди со двоен екран, како што се споменатите Surface модели.
Сега изгледа дека програмерот @imbusho успеал споментиот Windows 10 оперативен систем да го покрене во неговата актуелна форма и на Macbook лаптопот на Apple.
Секако, оперативниот систем не е дизајниран за традиционалните лаптопи со еден екран, но на корисниците им дава идеја за што може да се очекува од платформата и како овој дизајн би можел потенцијално да им користи на уредите со помал екран, како што е 12-инчниот MacBook.
Video pic.twitter.com/Xc4DfXAc14
— Sunshine Biscuit at scale (@imbushuo) February 13, 2020
Microsoft, исто така, им помага на програмерите да се подготват за уредите со два екрана, кои на пазарот се очекуваат до крајот на годината.
Поврзани артикли