Компанијата Apple наесен би можела да претстави дури седум верзии на iPad, меѓу кои еден ќе биде подостапен модел за оние со поплиток џеб, пренесува Forbes.

Исто така, деловниот магазин соопштува дека новиот поевтин iPad ќе има нов дизајн, што претставува прва таква промена неколку години наназад. Да потсетиме, Apple долго се „држи” до дизајнот на своите производи и ги менува ретко.

Forbes дојде до клучни информации за новиот iPad благодарение на обврската на Apple своите нови производи да ги пријави до Евроазиската економска комисија, која ги регистрира уредите на просторот на Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан. Apple пријавил дури седум нови уреди со кодирани имиња – A2068, A2197, A2198, A2228, A2230 A2200 i A2232.

Меѓу седумте верзии веројатно ќе се најдат надградбите на iPad Pro од октомври минатата година, чија големина на екрани изнесува 11 и 12,9 инчи. За жал, интернетот засега не е збогатен со фотографии или рендери од новите уреди. Сепак, според Forbes, новите iPad уреди би требало да имаат помали рамки, посебно при врвот и дното на уредите. Се предвидува и можноста дека овие iPad модели ќе имаат стандарден Touch ID, без можност за Face ID.

Што се однесува до цените, тие би требало да истанат речиси исти, што значи од 329 долари, колку што чини најевтиниот iPad, па до 999 долари за големиот iPad Pro. Презентацијата се очекува по премиерата на новите iPhone модели, што значи во текот на октомври 2019. година.