Оваа намирница е одлична за здравјето на цревата, кои се извор на нашиот имунитет, го поттикнува метаболизмот и содржи железо, цинк, селен и витамин Б.
Пченицата е исфрлена од некои диети како што е на пример палео диетата, а не смеат да ја консумираат ни лица кои се чувствителни на глутен.
Но, пченицата е многу застапена во медитеранската исхрана која е позната како многу корисна за здравјето. Пченицата е одлична за здравјето на цревата, кои се извор на нашиот имунитет, го поттикнува метаболизмот и содржи железо, цинк, селен и витамин Б.
Во продолжение, ви претставуваме еден рецепт со кој ќе го зајакнете имунитетот и ќе се заштитите од разни вируси и бактерии:
Потребни состојки:
- 1 кг. пченица
- 50 гр. суво грозје
- 50 гр. ореви
- 50 гр. лешници
- 50 гр. бадеми
Начин на подготовка:
- Потопете ја пченицата со вода и оставете ја преку ноќ, а следниот дел варете ја на тивок оган најмалку 3 часа.
- Полека долевајте вода, но внимавајте да не ставите премногу.
- Сомелете ги оревите, лешниците и бадемите.
- Пред крајот на варењето додадете ги во житото и варете уште 10 минути.
- Вака подготвената смеса изладете ја и чувајте ја во фрижидер.
Консумирајте ја секогаш кога ќе почувствувате глад, со малку мед, цимет или какао во прав. Можете да додадете и мускатно оревче.
Извор: Espresso.rs