Град лежи на 72 илјади тони дијаманти, но не може да се збогати

Жителите од гратчето Нордлинген во Германија знаат дека живеат на дијаманти, но немаат намера да го уништат ова преубаво гратче за да се збогатат.

Нордлинген се наоѓа во германската сојузна држава Баварска, а настанало на дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години кога Земјата била погодена од астероид.

Се проценува дека околу 72 илјади тони дијаманти се наоѓаат на подрачјето на Нординген, пренесуваат медиумите.

Кога по неколку милиони години пристигнале првите жители таму, не знаеле дека нивните куќи ги градат на драгоцено тло.

Научниците долги години верувале дека потеклото на кратерот во кој се наоѓа и овој град на дијаманти, е вулкансо, сè додека во 60-те години на минатиот век не дознале дека станува збор за астероид. Суевитот го користеле како материјал за градежништво, не знаејќи дека се состои од ситни дијаманти.

Па поради тоа, црквата на Св. Јуриј и средовековните ѕидини на градот се многу повредни отколку што изгледа на прв поглед.

Иако количината на дијаманти е огромна, жителите за нив не би можеле да добијат добра цена поради тоа што се помали од 0.2 милиметри па засега не планираат да го разрушат гратчето за да стигнат до богатство.

Извор: B92.net