Апликацијата WhatsApp ја достигна бројката од две милијарди корисници ширум светот, се вели во официјално соопштение.
Најпопуларната апликација за испраќање пораки со ова стана една од двете апликации од портфолиото на Facebook, што има над две милијарди корисници. Истоимената социјална мрежа има 2,5 милијарди поединечни профили.
Facebook го купи WhatsApp пред шест години за 19 милијарди долари.
Facebook минатиот месец соопшти дека 2,26 милијарди луѓе секој ден користат некој од нивните производи (Facebook, Messenger, Instagram или WhatsApp), а групацијата има девет отсто повеќе корисници во споредба со лани.
Поврзани артикли