Пронајдени фосили од желки со големина на автомобил кои живееле пред 13 милиони години

Фосили од желки со големина на автомобил се пронајдени во северниот дел на Латинска Америка.

Се верува дека желката со научно име „stupendemys geographicus“, на тоа подрачје живеела пред околу 7 до 13 милиони години.

Фосилите биле пронајдени во пустината Татакоа во Колумбија во регионот Урмако во Венецуела.

Првите фосили од овие желки пронајдени се во 1970-те години, но животните долги до четири метри и понатаму се вистинска мистерија за научниците.

Овие животни со големина и тежина на автомобил ги населувале големите мочуришта во областите ширум Јужна Америка, уште пред да бидат формирани реките Амазон и Ориноко.

Мажјаците ималe издолжен преден дел од оклопот во облик на рогови, а длабоките рани на фосилите упатуваат на тоа дека ги користеле како копје при борба со нивните противници.

Научниците велат дека пронашле оклоп долг три метри и долна вилица што им дало повеќе податоци за ихраната на желките.

Тие веруваат дека џиновските желки живееле на дното од езерата и реките, заедно со џиновските крокодили и се хранеле со различни мали животни, билки, овошје и семиња.

Нивната величина била клучна во одбраната од останатите предатори, а научниците пронашле еден фосил во кој имало забоден заб од крокодил.

Извор: B92.net