Windows 10X ќе инсталира ажурирања за помалку од 90 секунди

Windows 10X е специјална верзија на оперативниот систем која е оптимизирана за работа со уреди кои имаат два дисплеја. Ова е категорија на производи за која Microsoft верува дека ќе стане хит кај потрошувачите, пренесува Digital.bg

Компанијата исто така потврди дека развиле функција што ќе го забрза инсталирањето на ажурирања.

Според компанијата, целиот процес на ажурирање во Windows 10X ќе трае не повеќе од 90 секунди, пренесува TechSpot. Оваа бројка е значително поразлична од сегашниот систем за ажурирање на Windows 10, за кој е потребно многу повеќе време, дури и на брзи компјутери.

Компанијата успеа да го намали овој период на 90 секунди во Windows 10X со поделување на оперативниот систем, апликациите и драјверите на системот.