Долгоочекуваниот наследник на iPhone SE моделот од 2016. година е многу блиску до официјалното претставување, судејќи според големиот број протечени информации, гласини и вести, кои ги видовме во претходните месеци. Сите вести заедно сугерираат дека телефонот ќе биде претставен во текот на првото тримесечје оваа година, а сега имаме и некои поконкретни информации.

Познатиот дојавувач Evan Blass (@evleaks) дојде до информации дека Apple ќе го објави новиот подостапен iPhone кон средината на март. Засега се уште не е познато како ќе се нарекува уредот, а во комбинација се iPhone 9 и iPhone SE 2 имињата.

Скорешните гласини споменуваат дека телефонот ќе потсетува на iPhone 8, со големи рамки и Touch ID во физичкото home копче. Од друга страна, се шири и една контрадикторна гласина, која укажува на постоење на Face ID поддршка.

Се очекува дека iPhone 9 ќе има A13 Bionic чипсет, 3GB RAM, 64GB или 128GB простор за складирање и една камера на задната страна. Почетната цена на уредот би можела да изнесува 399 долари.