Конечно е одговорено едно од најчестите прашања кои ги мачат вљубениците во мобилни телефони додека летаат со авион – што ќе се случи ако не вклучам “airplane mode” на мобилниот?
Пилотот со прекар Sneaky__Fox85 на Reddit објаснил зошто е многу важно да не ја игнорирате молбата од персоналот мобилниот телефон да го префрлите на “airplane mode”, откако тоа прашање му го поставил еден љубопитен корисник.
-Ако не го направите тоа, може да дојде до попречување во приемот на нашето радио. Во ретки случаи на нашето радио не слушаме ништо, па преку разглас повторно ги замолуваме патниците да ги префрлат телефоните на “airplane mode” и објавуваме дека, ако тоа не се реши, ќе мора да се вратиме до излезот на пистата. Проблемот тогаш се решава многу брзо. Самите пресметајте два и два , напишал пилотот кој се занимава со летање од 2004-та година.
Додал и дека во сечиј интерес е да го послуша тој совет, бидејќи во повеќето случаи мобилните телефони во воздух не можат да примат никаков сигнал, па само беспотребно се троши батеријата.
Објаснувањето наишло на пофалби од бројни интернет корисници.
“Ти благодарам за овој одговор. Пред десетина години доживеав напад на паника кога патник до мене не сакаше да го вклучи “airplane mode-от”. Мислев дека сите ќе умреме. Мило ми е да знам дека пилотите се свесни кога имаат проблем поради нечиј телефон и дека знаат да се изборат со ситуацијата”, напишал еден корисник.
Поврзани артикли