Motorola работи на два паметни телефона со waterfall дисплеи (вообичаено име за екраните со закривени рабови). Меѓутоа, судејќи според фотографиите, рабовите не се закривени како кај Huawei Mate 30 Pro или Vivo Nex 3 5G моделите, што остава доволно место за хардверско копче отстрана.
Punch-hole отворот однапред за селфи камерата изгледа помал од оние кај One Vision и One Action моделите. Дисплејот од 6,67 инчи со 1080p резолуција ќе има 90Hz освежување и ќе се наоѓа кај двата уреда. Еден од овие два смартфона речиси сигурно ќе биде Motorola Edge+ за Verizon, а во прашање е премиум модел со Snapdragon 865 чипсет и 12GB RAM. Се очекува дека уредот ќе има и 5169mAh батерија.
Вториот телефон би можел да биде модел од високата средна класа, со кодно име racer 5G. Ќе користи Snapdragon 735(G) чипсет, ќе има поддршка за 5G, како и Edge+ моделот. Покрај тоа, се очекува 48MP главна камера, 4660mAh батерија, 6GB RAM и 128GB простор за складирање.
Motorola својата презентација на MWC 2020 ќе ја одржи на 23. февруари, кога се очекува претставување на еден премиум и уште три други смартфони.
Поврзани артикли