Македонските граѓани се на прво место во светот по пребарувања на Google за теми поврзани со доделувањето на „Оскарите“ што ќе се одржи в недела, 9 февруари во Лос Анџелес.
Google Trends на „Твитер“ објави дека Македонија, татковината на „Медена земја“ кој е номиниран за „Оскар“, е прво место во светот од каде што најмногу се пребарува на Google за „Оскарите.
North Macedonia, home to #Oscars nominated movie #Honeyland, is the top place on earth searching for the awards right now.
Get more data here: https://t.co/AhkVG7YqNf pic.twitter.com/pl4XhVpGZ0
— GoogleTrends (@GoogleTrends) February 6, 2020
Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Ова е првпат во историјата македонски филм да биде номиниран во две категории за „Оскар“.
Што се однесува до другите најпребарувани зборови и категории за „Оскарите“, состојбата е следна – од номинираните филмови за главната награда најгуглан е јужнокорејскиот „Паразит“. Од номинираните во категориите најдобар актер и актерка најпребарувани се Скарлет Јохансон и Леонардо ди Каприо.
Најпребарувано прашање поврзано со Оскарите е „Кога се Оскарите?“, а второ е „За што има добиено Коби Брајант Оскар?“.