Кинеските компании Xiaomi, Huawei, Oppo и Vivo ги соединуваат своите сили со цел да креираат платформа за информатичари надвор од Кина за да прикачуваат апликации на нивната онлајн продавница.
Информатичарите сметаат дека ова е потег за да се предизвика гигантот Google Play store да добие свој конкурент на пазарот и да се симне од доминантната позиција, јавува Ројтерс.
На новата платформа, креаторите планираат да ги понудат услугите како Google Play store т.е да понудат видео игри, музика, филмови и други апликации кои ќе е најдат во нивната онлајн продавница.
Платформата се очекува да биде пуштена во месец март.
Веб-страницата на новата платформа треба да покрие девет региони вклучувајќи ја Индија, Индонезија и Русија.