Ново истражување открива дека не само што замрзнатото срце на Плутон го контролира времето на џуџестата планета, туку тоа го прави и со пулсирање.
Кога New Horizons мисиите на НАСА направија фотографии од Плутон во 2015 година, научниците открија дека, спротивно од тогашното мислење, Плутон има физички карактеристики на својот пејсаж кој пак не е само една неплодна, рамна и замрзната пустелија.
Напротив, џуџестата планета се пофали со огромна срцевидна структура која беше наречена Томбо регио (по астрономот Клајд Томбо кој во 1930 го откри Плутон). Сега истражувањето покажа дека токму овој регион ги контролира атмосферските промени на Плутон.
Атмосферата на Плутон е сочинета најмногу од азот, јаглероден диоксид и метан и е 100 илјади пати поретка од земјината. Преку ден, Томбо регио се загрева и се претвора во пареа која преку ноќта повторно кондензира и со тоа создава атмосферско срцебиење кое произведува азотни ветришта и ги праќа низ површината.
Овие ветришта дуваат во спротивна насока од ротацијата на планетата во феномен познат како ретро-ротација и помагаат во формирање на глечери богати со азот кои потоа помагаат во збогатување на релјефот на планетата.
„Пред New Horizons сите мислеа дека Плутон ќе биде како топче, тотално рамен, скоро без ниту малку нерамнини“, вели Танги Бертран, астрофизичар и планетарен научник во НАСА кој е всушност лидер на истражувањето.
„Но, целосно е различен. Има многу пејсажи и се обидуваме да откриеме што се случува таму“.