Руското министерство за одбрана објави снимка од тестирањето на ракетниот лансер ТОС-1А, или познат како фрлач на пламен.

Страшното оружје е опремено со 24 термобарички ракети кои можат да спржат се на површина од 40.000 метри квадратни.

Системите ТОС-1А се прикажани во текот на воените вежби во руската Ленинградска област.

На снимките од вежбата, кои гои објави руската војска, се гледа дека овие системи тргнуваат кон своите позиции и на крајот исфрлаат ракети.