Земјите од Европската Унија имаат прилично слична брзина на мобилен интернет, покажало истражувањето спроведено од „Ар-еф-Бенчмарк“ направено за изминатата година. Македонија, за жал, не е на листата со најбрз интернет.
Најбавен мобилен интернет во Европа имаат Белорусија со 12,3 мегабајти, Русија со 11,5 мегабајти и Украина со 9,7 мегабајти, а веднаш зад неа е Македонија со 10,4 мегабајти.
Истражувањето покажа дека најбрз мобилен интернет има Франција, каде што брзината за преземање податоци од интернет е 19,9 мегабајти. Брзина од 19 мегабајти имаат и Полска, Португалија и Австрија.
Помеѓу 18 и 19 мегабајти имаат Шведска, Финска, Литванија, Италија, Германија, Холандија и Белгија.
Околу 17 и 18 мегабајти имаат Хрватска, Велика Британија, Грција, Данска, Чешка и Словачка.
Податоците за анализа на брзината на мобилен интернет „Ар-еф-Бенчмарк“ ги добива преку своите мобилни апликации, односно преку многу различни корисници на паметни телефони што ја користат апликацијата. Податоците даваат добар увид во генералната состојба на мобилните мрежи во Европа.
Генерално, резултатите покажуваат дека повеќето земји од ЕУ имаат иста брзина на мобилен интернет, но исклучок се Македонија и земјите од Источна Европа, односно Белорусија, Украина и Русија.
Вака изгледаат податоците за севкупната брзина на мобилен интернет за 2019 година:
Европа – најголема брзина за преземање
1. Франција – 19,9 мегабајти
2. Австрија – 19,8 мегабајти
3. Португалија – 19,3 мегабајти
Европа – најмала брзина за преземање
1. Украина – 9,7 мегабајти
2. Македонија – 10,4 мегабајти
3. Русија – 11,5 мегабајти
1. Шпанија – 10,3 мегабајти
2. Австрија – 10,2 мегабајти
3. Холандија – 10,1 мегабајти
Европа – најмала брзина на прикачување
1. Украина – 3,4 мегабајти
2. Македонија – 3,5 мегабајти
3. Азербејџан – 4,8 мегабајти
Европа – најниска PING вредност
1. Латвија – 59 милисекунди
2. Норвешка – 61 милисекунда
3. Обединето Кралство – 62 милисекунди
Европа – највисока PING вредност
1. Украина – 100 милисекунди
2. Азербејџан – 98 милисекунди
3. Русија – 92 милисекунди.