Американските власти неодамна забележале нешто необично во Земјината орбита – рускиот сателит Kosmos 2542 се приближил до американскиот шпионски сателит USA 245 и го следи.

Рускиот сателит кој бил дизајниран за проверка и чување на другите сателити во Земјината орбита, од засега неразјаснети причини започнал да ја следи траекторијата на американскиот шпионски сателит кој се наоѓа во орбитата од 2013-та година.

Додека тоа не значи дека рускиот сателит го шпионира американскиот сателит, сепак американските власти кои вршат надзор заклучиле дека сето тоа изгледа како рускиот да го следи нивниот сателит. Иако засега нема причина за аларм, образецот на движење на рускиот сателит станал многу сличен на USA 245.

Русите пред лансирањето на Kosmos 2542 во орбитата објавија соопштение во кое ја демистифицираа неговата задача во вселената, а таа е проверка на другите сателити. Додека повеќето помислија дека под „други сателити“ Русите мислат за нивните сателити, сега станува јасно дека сателитот има и друга намена.

Проблемот за Американците е во тоа што дека дури и рускиот сателит да ја „снима“ технологијата на нивниот сателит, во врска со тоа не може да се стори премногу затоа што одговорноста за рускиот сателит ѝ припаѓа исклучиво на Русија, а вселената е повеќе или помалку слободна зона за сите.

Извор: Zimo.hr