Претставник на Facebook за Ројтерс соопшти дека компанијата планира да додаде нова алатка која ќе ја зголеми родителската контрола врз децата.
Апликацијата ќе биде наменета за контрола на деца кои се под 13 години.
Пристапот ќе биде дозволен само за родителите, а ќе овозможи тие да имаат преглед врз историјата на пораките и ќе може да видат кои корисници се блокирани од детето и со кој корисник контактира детето најмногу.
Родителите ќе имаат пристап и на видео снимките што децата ќе ги добиваат или ги испраќаат.
Поврзани артикли