Добрата вест е дека Windows 10 е сè уште бесплатен за оние милиони кои го напуштаат Windows 7, но лошата вест е дека новите ажурирања и понатаму носат нови предупредувања, па многумина имаат чувство дека процесот сепак има одредена цена.
Последното предупредување е во врска со долгоочекуваната закрпа за File Explorer проблемот (KB4532695), бидејќи и самата предизвикува проблеми, и влијае на аудио, работата со компјутерот, гејминг искуството, проблеми со драјверите, и на крај предизвикува и „син екран на смртта“. Така, компјутерите на оние кои ја преземаа закрпата останаа без звук, па корисниците мораа посериозно да се позанимаваат со новото ажурирање, како би ги повратиле своите уреди. Добрата вест е дека за KB4532695 не е потребно ажурирање, така што се погодени само оние корисници кои редовно преземаат и оние ажурирања кои не се автоматски.
На корисниците им се препорачува да бидат претпазливи, бидејќи и на веб-страницата на Microsoft се уште стои дека новото ажурирање е регуларно, и дека досега не се пријавени проблеми со преземање и инсталирање, што секако не е точно.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли