POCO брендот денеска официјално го шретстави вториот паметен телефон во рамките на својата линија – POCO X2. Не е во прашање директен наследник на Poco F1 моделот, бидејќи се работи за гејминг модел од средниот сегмент, но кој имплементира импресивни карактеристики во однос на цената по која ќе се продава.
Телефонот има куќиште од 3D закривено стакло и Gorilla Glass 5 панели од предната страна и на задниот дел. Од десната страна на рамката се наоѓа копче за вклучување, во кој е вграден сензор за отпечатоци од прсти. Иако не е водоотпорен, смартфонот има P2i слој, кој штити од прскање со вода.
POCO X2 има 6.67-инчен FHD+ HDR10 LCD дисплеј со 120Hz ‘RealityFlow’ стапка на освежување. Екранот има punch-hole отвор во десниот агол на екранот, а во отворот се сместени две камери. Телефонот го покренува 8nm Snapdragon 730G @ 2.2GHz, а тука е и Adreno 618 GPU. Достапни се варијанти од 6GB/8GB LPDDR4X RAM и 64GB/128GB/256GB UFS 2.1 простор за складирање.
Кога се во прашање камерите, на задната страна се наоѓаат четири сензори (64MP Sony IMX686 главен, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина). Од предната страна се 20MP селфи камера и 2MP depth камера. Телефонот е способен за снимање 4K видеа и slow-mo видео @ 960fps.
POCO X2 користи Android 10-заснован MIUI 11 ‘Designed for Poco’ интерфејс, кој има помалку bloatware и нема реклами.
Телефонот од 11. февруари ќе се најде во понудата на Flipkart во три бои: Matrix Purple, Phoenix Red и Atlantis Blue. Основната варијанта со 6GB RAM и 64GB простор за складирање ќе чини околу 225 долари, додека најмоќниот модел (8GB +256GB) ќе чини околу 285 долари. Засега не е познато дали POCO X2 ќе биде глобално достапен.
Поврзани артикли