Сајмон Векерт, уметник од Берлин, одлучил малку да си поигра со апликацијата Google Maps и да нѝ покаже како луѓето сè уште можат да го надмудрат виртуелниот свет.
Сајмон ставил 99 телефони со вклучена апликација во количка и со тоа предизвикал „виртуелен метеж“ на патот. Овој експеримент уште еднаш докажува дека, иако често нѝ помага, технологијата понекогаш може да тргне и по „заобиколен пат“.
Кога ставил 99 мобилни телефони со вклучен Google Maps и локација во една количка, тој направил улицата по која поминувал, на мапата на Google да биде означена со црвена боја што значи дека таму има голем сообраќаен метеж.
99 smartphones are transported in a handcart to generate virtual traffic jam in Google Maps. Through this activity, it is possible to turn a green street red which has an impact in the physical world by navigating cars on another route! #googlemapshacks https://t.co/3gixMxopE6 pic.twitter.com/6KcMm1XgAF
— Simon Weckert (@simon_deliver) February 1, 2020
Кога за првпат се возите по некој пат, веројатно користите Google Maps кој ви го покажува правецот по кој треба да се движите. Работата е во тоа што, иако постои пат со кој побрзо ќе стигнете до посакуваната дестинација, апликацијата ќе го избегне доколку истиот е блокиран.
Уште една важна работа која исто така треба да ја споменеме е што телефоните биле ставени во количка на тркала. Со тоа апликацијата уште еднаш била измамена бидејќи таа не ги регистрирала телефоните како луѓе, туку како автомобили.
Со тоа, Сајмон обезбедил неговата улица секогаш да биде без сообраќаен метеж бидејќи сите ќе ја избегнуваат мислејќи дека е блокирана со автомобили.
Погледнете го целиот експеримент на уметникот од видеото во продолжение:
Извор: B92.net