Научниците од Рускиот економски универзитет „Г. В. Плеханов” смислија како да го направат полиетиленот биоразградлив. Во него додадоа скроб и дрвен прав.
Како што пишува РИА „Новости”, повикувајќи се на научното списание „Inorganic Materials: Applied Research”, новиот вид полиетилен според цврстината не заостанува зад традиционалната пластика, но притоа се распаѓа без да нанесува штета на животната средина.
„Додавањето на особината порозност и воведувањето додатоци од природно потекло овозможува создавање средина која ја апсорбира водата, во која брзо се размножуваат главните чинители на распаѓањето: микроорганизмите“, соопшти Анатолиј Попов, шеф на Катедрата за хемија на иновативни материјали и технологии на Рускиот економски универзитет.
Научниците три години го следеле распаѓањето на новиот материјал во земјата. Неговата количина за тоа време се намалила за 20 проценти.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли