Samsung го објави својот финансиски извештај за четвртиот квартал од 2019. година, кој покажува пад на заработувачката, но и многу силно одделение зз паметни телефони. Како дел од овој извештај, Samsung истакна и дека планира да објави повеќе флексибилни телефони подоцна во текот на годината. Ова не претставува изненадување, со оглед на тоа дека јужнокорејскиот гигант предвидува дека ќе продаде 5-6 милиони преклопни смартфони во текот на 2020. година.
Новиот финансиски извештај, исто така, ја споменува целта на Samsung мобилната дивизија на компанијата да се фокусира на премиум и флексибилни уреди во текот на оваа година. Компанијата ќе ги диференцира своите премиум телефони, така што ќе претстави уште повеќе модели со 5G поддршка, како и нови дизајни за свитливи смартфони. Samsung очекува дека двете категории ќе помогнат приходите да се одржат стабилни.
Веќе знаеме дека вториот флексибилен телефон на Samsung, Galaxy Z Flip се очекува на 11. февруари. Телефонот ќе има преклопен (clamshell) дизајн, со Ultra Thin Glass (UTG) дисплеј, кој би требало да има подобрена издржливост. Остатокот од карактеристиките вклучуваат Snapdragon 855+ чипсет, две 12MP камери и 3300mAh батерија со 15W брзо полнење.