Безбедноста е составен дел од дигиталната платформа на Huawei. Taa oбезбедува целосноеластични безбедносни решенија кои гарантираат сигурност на клиентските мрежи и податоците. Оваа дигитална платформа обезбедува и одржува прифатливо ниво на сервисиво пресрет на разни грешки и закани, зачувувајки континуитет на сервисите, намалување на ризиците и осигурувањена дигиталната трансформација на претпријатијата. Производите и решенијата на Huawei се широко користени од 211 Fortune 500 водечки претпријатија, помагајќи им да постигнат дигитална трансформација со акцент насајбербезбедноста. Huawei ги поставувакако најголем приоритет сајбер безбедноста и заштитата на приватноста на корисниците. Извршните менаџери на технолошкиот гигант постојано тврдат дека центрите за транспарентност на сајбер безбедноста на Huawei се отворени за клиенти и независни организации за тестирање.
Се разбира, факт е дека сајбер безбедноста вклучува многу елементи, стејкхолдери, закони и механизми за управување. Центарот за сајбербезбедност на Светскиот економски форум идентификуваше осум клучни нешта кои треба да ги решиме како глобална заедница. Тие вклучуваат технологија и закон, безбедност на нештата, сајбер приватност, нови норми на соработка, системски ризик и еластичност, сајбер војна, заштита на критичната инфраструктура и сајбер криминал.
Како што истакна г-дин Рен Женгфеи, извршен директор и основач на Huawei Technologies во неодамнешното интервју на 5 ноември, „Прашањата околу информациската безбедност и енкриптирање ќе постојат долго време. Huawei е само производител на опрема и наша одговорност е да се осигураме дека она што го произведуваме и продаваме е безбедно. Оваа ветување можеме да го дадеме кон владите ширум светот. Сепак, исто како и продажба на автомобили, откако нашата опрема се продава на операторите, операторите се тие кои управуваат со податоците за нивната опрема, а податоците мора да се управуваат во строга согласност со законите на релевантните суверени држави. Ние се придржуваме кон сите закони на државите каде што работиме. На овој начин се осигуруваме дека информациите се безбедни и сигурни. Во Huawei, имаме две одговорности. Прво, ние никогаш нема да сториме нешто што не е во ред. Второ, ние го поддржуваме надзорот на сите влади во однос на безбедноста“.
Сега, конечно во дигиталната ера, 5G е пред нас, како нови потикнувач на развојот во индустријата. Официјално во Кина започнаа комерцијални 5G услуги овој месец, а светот наскоро ќе следи. Според најновиот извештај објавен од GSMA на MWC во Барселона 2019 година, бројот на 5G конекцииќе достигне 1,4 милијарди до 2025 година – 15% од глобалниот вкупен број. Бројот на глобални IoT конекции ќе се зголемитројно на 25 милијарди до 2025 година, додека глобалните приходи од IoT ќе се зголемат за четири пати на 1,1 трилион американски долари. 5G ќе придонесе за 2,2 трилиони американски долари во глобалната економија во текот на следните 15 години, во сектори како што се производство, комунални услуги и професионални и финансиски услуги кои имаат најголема корист од новата технологија. Четвртата индустриска револуција доаѓа.
Во моментот, се чини дека некои сомнежи за безбедноста од 5G произлегоа од неточно разбирање за тоа како 5G работи во главната мрежа – јадрото и на пристапната радио мрежа – работ (core and edge). Тие велат дека во 5G не постои систематско управување со сајбер безбедноста и разлика помеѓу јадрото и работ. Циaран Мартин, извршен директор на NCSC Велика Британија (Национален центар за сајбербезбедност), јасно го опиша ова: „Техничката прецизност е важна за добивање право на безбедност од 5G. 5G е важна иновација. Но, тоа не е магија. Не ги менува законите на науката или непроменливите концепти на безбедност. Тоа е исклучително комплициран сет на инженерски и технолошки способности и архитектури. Анализата на телата за стандарди се спроведува на стотици страници со густ технолошки говор. Затоа, преиспитувањето во убедливи изјави, како што нема разлика помеѓу јадрото и работ, без да се докаже или покаже што се мисли со тоа дека нема разлика меѓу јадрото и работ, па дури и она што се мислипод јадро и раб, не е вистинскиот начин да се разгледа прашањето“.
Кога станува збор за проценка на безбедноста на одреден производ или решение, можеме да избегнеме недоразбирања како ова со усвојување унифицирани стандарди. Huawei е голем придонесувач кон стандардите за безбедност и приватност на 3GPP системите. Во 2018 година, компанијата достави 464 предлози на стандардиза 5G безбедност на 3GPP SA3, од кои се одобрени 227.
Заложбата на компанијата да обезбеди безбедност не запира тука. На 16 ноември 2018 година, Huawei ја отвори својата лабораторија за иновации во сајбер безбедноста во Бон, Германија. Целта на лабораторијата е да служи како платформа за зајакнување на безбедноста на новата технологија, презентирајки иновативни безбедносни концепти за идните технологии и придонесува во сертификацијата на ИКТ безбедноста и глобална стандардизација. На 5 март 2019 година, Huawei го отвори Центарот за транспарентност за сајбербезбедност во Брисел, кој има три главни функции: а) Прикажување на целосните практиките на сајбер-безбедноста на Huawei, почнувајки од нивните стратегии и ланецот на снабдување, па се до нивниот сектор за истражување и развој, нивните производи и решенија, б) Овозможување комуникација помеѓу Huawei стејкохолдерите во врска со стратегиите за сајбербезбедност и комплетните практики за сајбер безбедност и заштита на приватноста, в) Обезбедување платформа за тестирање и верификација на безбедноста на производите, решенијата и соодветните сервисите за клиентите на Хуавеј.
Huawei ги повикува регулаторите, телата за стандардизација и клиентите да работат посветено на безбедносните стандарди, верификациите и иновациите. Заедно може да се подобри безбедноста на целиот синџир на вредности и да се помогне во градењето доверба заснована врз веродостојни факти. Ние мора да го зграпчиме моментот и да го јаваме бранот на историјата или ризикуваме да ја испуштиме оваа извонредна можност за развој.