NanoPi R2S е алтернатива на Raspberry Pi со два Ethernet порта

На пазарот на минијатурни компјутери, на кои владее Raspberry Pi се појави уште еден конкурент. Станува збор за минијатурниот компјутер NanoPi R2S на компанијата FriendlyElec, која се истакнува по два интегрирани Ethernet приклучоци.

Нив им се придружува само еден USB Type-A порт, додека за споредба, RaspberryPi 4B има два USB 3.0 приклучока и два USB 2.0 приклучока.

NanoPi R2S се базира на Rockchip RK3328 чипот со четири Cortex-A53 CPU јадра на такт од 1,5 GHz, ARM Mali-450MP2 графика на такт од 500 MHz, 1 GB DDR4 RAM меморија и влез за microSD картички. Тука е и 10-пинскиот GPIO приклучок и microUSB приклучокот за полнење.

Димензиите на овој компјутер изнесуваат 55,6 x 52 милиметри, а засега не е познат ни датумот на достапност ни неговата цена.

NanoPi R2S може да послужи во улога на рутер и доаѓа со посебна верзија на OpenWrt под името FriendlyWrt и оперативниот систем FriendlyCore, кој се базира на Ubuntu 18.04 Core системот.