Според најновите информации, изгледа дека 64MP S5KGW2 камера сензорот, кој ќе се користи како зум камера на Galaxy S20 и S20+ телефоните, нема да произведува пиксел-бинувани 4-во-1 16MP фотографии. Наместо тоа, ќе се користи за кропирање, за да се постигнат зумирани фотографии.
До овие информации стигна дојавувачот Ice Universe, кој тврди и дека споменатата камера ќе нуди 8K видео поддршка (веројатно 8K@30fps).
The telephoto sensor S5KGW2 of the S20 / S20+ is a special pure 64MP camera. It cannot be 4 in 1 combined into 16MP. It will be used for pixel cropping zoom and 8K video.
— Ice universe (@UniverseIce) January 29, 2020
Претходно имавме прилика да ја видиме листата спецификации, која сугерира дека Galaxy S20/S20+ ќе има опција за 3X оптички зум преку 64MP S5KGW2 сензор (но за ова нема официјални потврди) и ќе има до 30x дигитално зумирање. Сега изгледа дека зумирањето ќе биде од „lossless“ тип и ќе ги извлекува пикселите од сензорот.
Galaxy S20 Ultra ќе има 48MP IMX586 перископ камера со 10x оптички зум и до 100x дигитално зумирање. Исто така, се очекува дека телефонот ќе го имплементира новиот 108MP S5KHM1 сензор.