Samsung Galaxy Tab S6 5G е официјално објавен, а го имаме и датумот на појавување на таблет уредот на пазарот. Овој 5G таблет ќе дебитира на домашниот пазар на Samsung, на 30. јануари во Јужна Кореја.
Galaxy Tab S6 5G пристигнува со Snapdragon 855 чипсет, заедно со Qualcomm X50 модем. Остатокот од спецификациите ќе бидат идентични на стандардниот Tab S6 модел и вклучуваат 10,5-инчен QHD+ Super AMOLED дисплеј, четири звучници, 13MP и 5MP камери на задната страна и 7040mAh батерија.
Таблетот ќе се продава по цена од околу 850 долари за моделот со 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.
Поврзани артикли