На тест се нашле шест популарни електрични модели кои се управувани под идентични услови на автопат за да се види колку километри може да изминат со полна батерија и колку е тој податок различен од фабрички декларираната вредност.

Една од најголемите забелешки на противниците на електричните автомобили е нивната релативно мала автономија на возење. Дополнителен проблем е што дури и таквата, теоретска автономија не гарантира дека навистина ќе поминете.

Забуна внесуваат и различните податоци за автономија на еден ист модел, во зависност од применетиот стандард – WLTP во Европа или EPA од другата страна на океанот. Автономијата на електричните возила во реални услови на возење е под влијание на голем број фактори, вклучително и сообраќајните услови, конфигурација на теренот, стилот на возење, температурата на воздухот на воздухот, разни потрошувачи на електрична енергија од возилото, итн.

Британскиот Carwow сакал да провери колку се разликува декларираната автономија на индивидуалните електрични модели од онаа во реални услови.

За тест рута одбран е автопатот во Велика Британија, а тестирани се следниве електрични модели: Nissan Leaf, Kia e-Niro, Audi e-tron, Jaguar I-Pace, Mercedes EQC и Tesla Model 3 во верзијата Long Range.

Сите шест модели биле управувани со активиран темпомат, со максимална дозволена брзина на автопат од 112 км на час, додека климатизацијата во сите возила била поставена на иста температура за да се обезбедат идентични услови за сите автомобили.

Тестот покажал дека најлош однос на реалната и фабрички декларираната километража со полни батерии има Mercedes EQC, кој успеал да помине 312 километри или 75% од наведената автономија.

Jaguar I-Pace се нашол на петтата позиција со 359 километри, што е 76% од фабричката автономија, додека на четвртото место го нашол Tesla Model 3, кој поминал 434 км или 78% од наведената автономија на производителот.

Трет по ефикасност е Audi e-tron со 331 километар или 81% од наведената километража.

Вице шампион на тестот е Nissan Leaf со 334 километри или 87%, додека на прво место е Kia e-Niro со која биле поминати 410 километри, што претставува 90% од декларираната автономија.

Извор: Додај Гас