Според неофицијални информации, следната верзија на iOS ќе им биде достапна на сите сегашни, но и многу постари смартфони на Apple. Apple периодично ја ажурира листата на уреди што се компатибилни со одреден iOS, при што се намалува бројот на уреди што ќе бидат поддржани.
На следната конференција за програмери на Apple (WWDC), се очекува да бидат претставени iOS 14 и iPadOS 14, а тогаш се очекува да бидат откриени и поддржаните уреди. Моментно се шпекулира дека ова ќе бидат сите уреди што работат iOS 13, но и идните модели – iPhone 12, iPhone 12 Pro и сè уште непотврденио iPhone SE 2 или iPhone 9
Според тоа, целосниот список на уреди на кои ќе работи iOS 14 е:
- iPhone 11 Pro
- iPhone 11 Pro Max
- iPhone 11
- iPhone XS
- iPhone XS Max
- iPhone X
- iPhone 8 Plus
- iPhone 7
- iPhone 7 Plus
- iPhone 6s
- iPhone 6s Plus
- iPhone SE
- iPod touch (седма генерација)
Како што може да се види, на листата ги нема iPhone 6 и iPhone 6 Plus моделите. Наводно, A9 чипот ќе биде поддржан, но во текот на развојот Apple одлучил да се откаже од поддршката за iPhone 6 линијата.
Што се однесува до iPad OS, новата верзија нема да биде достапна за iPad mini 4 и iPad Air 2. Тоа укажува дека A8 и A8X чиповите нема да бидат компатибилни со новата верзија на овој оперативен систем.
Целосната листа на поддржани уреди изгледа вака:
- 9,7-инчен iPad Pro (2016)
- 10,5-инчен iPad Pro (2017)
- 11-инчен iPad Pro (2018)
- 12,9-инчен iPad Pro (2015, 2017, 2018)
- iPad Air 3
- iPad 7
- iPad 6
- iPad 5
- iPad Mini 5